СДСМ: Се грижиме за граѓаните - намалени се цените на стотици прехранбени производи
„СДСМ како одговорна партија со конкретни мерки и политики го штити стандардот на граѓаните. Новата мерка за намалување на цените на прехранбените производи е успешна и дава резултати“. Овие пораки ги испраќаат утрово од владејачката СДСМ во врска со намалувањето на цените на прехранбените производи.
„Намалени се цените на стотици прехранбени производи во 25 категории кои граѓаните најчесто ги користат.
По пониски цени во маркетите се продаваат лебот, млекото, јајцата, брашното, месото, оризот, сирењето, кашкавалот, и многу други.
Тие имаат „гарантирана цена“, која е за 10 проценти пониска од нивата цена на 1 август годинава.
СДСМ се грижи за стандардот на граѓаните, ги зголемува платите и пензиите и ги враќа парите назад кон граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ испратено до медиумите.
24.09.2023 - 11:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа