Претепан полицаец во Струмица - го нападнало цело маало

 

На улицата „Климент Охридски“ во Струмица полицаец доживеал вистински хорор откако сопрел автомобил „Опел Астра“ без регистарски броеви, управуван од засега непознат возач, во кое имало уште едно лице.

Возачот прво застанал, а потоа тргнал со возилото при што со истото еден од полициските службеници го удрил во пределот на левата нога. Полицајците се упатиле по патничкото возило, а лицата излегле од него и започнале да бегаат. Едниот полициски службеник го фатил Ш.С. кој го управувал возилото, додека вториот го фатил сопатникот.  Веднаш потоа излегле поголема група жители од маалото кои го нападнале полицискиот службеник удирајќи го со тупаници.

Полицајците се здобиле со телесни повреди, а лицата набрзо биле приведени.

14.12.2013 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега