Јанакиески: Идната година очекуваме поголема стапка на трендот на раст на градежништвото

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиски, денеска изјави дека очекува и во наредната 2014 година  да продолжи трендот на раст на градежништвото во Македонија.

- Градежништвото во последните две години е двигател на економскиот раст во Република Македонија. Само годинава реконструирани и изградени се околу 100 локални патишта во должина од 114 километри, а во фаза на завршување се и осум регионални патни правци.Во фаза на градба е и автопатот Демир Капија-Смоквица, се реализираат и градбите од проектот Скопје 2014. Сето тоа придонесе за развој на градежништвото, рече Јанкаиески.

Јанакиски потенцира дека само во Аеродром се градат петнаесетина згради.

- Во 2014 година очекувам уште повисок раст на градежништво, бидејќи ќе започне изградбата на два нови автопатишта, ќе продлжи изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица,  повеќе од сигурно е дека  ќе започне изградбата на пругата кон Бугарија и изградбата  на главните магистрални гасоводни мрежи. Сето тоа кажува дека  градежништвото ќе биде двигател на економијата и во 2014 година, нагласи Јанакиески.

14.12.2013 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега