Во Струмица летале дрва на сите страни - дрвокрадци нападнале полицајци

 

Во атарот на селото Банско во Струмица синоќа при вршење редовна контрола биле нападнати шумски полицајци кои затекнале возило Лада“ без регистрација, управувана од страна на С.С. од Банско и возило “Лада“ со струмички регистерски ознаки, управувана од А.С. од истото село.

Двете возила биле натоварени со нежигосани дрва и без никакви документи за истите. Дрвата биле натоварени на возилото на шумската полиција, па кога го стартувале автомобилот, при влезот на село Банско имало собрано околу 20-тина луѓе кои почнале да фрлаат дрва по возилата при што го скршиле  ветробранското стакло.

Полицијата трага по сторителите.

14.12.2013 - 13:21
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега