Трајановски: Во Скопје е опасно - малите деца да не излегуваат на улица

 

Таткото на град Скопје, Коце Трајановски, денеска издаде препораки и предупредувања до граѓаните поради нзагаденоста на воздухот во главниот град.

Од Град Скопје соопштуваат дека препораките се резултат на нарушениот квалитет на амбиентниот воздух како резултат на надминувањето на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри што е резултат на загадувањето на воздухот, но пред се на стабилната временска состојба карактеристична за Скопската котлина во текот на зимата.

Се препорачува граѓаните да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања, малите деца, бремените жени, хроничните болни, постарите луѓе да не излегуваат на улица, како и да не ги проветруваат просториите во кои престојуваат, како и да не се користат уреди за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, особено ако сопствениците и корисниците се свесни дека немаат обезбедено ефикасно одведување на димните гасови, граѓаните и правните лица да ги одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди и слично со кои што се загадува воздухот во просториите, а граѓаните да не ги користат своите автомобили без поголема потреба и да ги користат средствата за јавен превоз.

- Се повикуваат граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси, отпадно масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали, возачите на тешките товарни возила да ја почитуваат сообраќајната сигнализација за движење низ градот, во спротивно подлежат на ригорозни санкции, а сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат доколку немаат регуларно испуштање на отпадните гасови, се вели во соопштението од Градот Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски ги повикува граѓаните да се придржуваат до дадените мерки.

14.12.2013 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега