ВИДЕО: Хорор во Колорадо -ученик отвори оган па се самоуби
Уште еден хорор ги потресе жителите на Колорадо. Осумнаесетгодишен ученик отвори оган во средно училиште во Сентениал, во американската сојузна држава Колорадо, а потоа си го одзеде животот.
Се работи за Карл Пирсон кој со пушка влегол во своето училиште, барајќи еден од учителите. Во немилиот настан, момчето ранило своја соученичка. На крајот на инцидентот, Пирсон се самоубил.
Соучениците и учителите велат дека Пирсон бил агресивен, влегувал во конфликти и постојано се заканувал.
14.12.2013 - 11:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа