За Нова година во Лондон ќе има огномет со мирис на јагода

 

Британските стручњаци по кулинарство Сем Бомпас и Хари Пар, решиле за Нова Година  во Лондон да приредат спектакуларен настан со снег кој мириса на праска, конфети кои се јадат со вкус на банана и црвен огномет од кој се шири мирис на јагода.

Токму на полноќ жителите и посетителите на Лондон кои се собрани по должината на реката Темза, ќе доживеат еден сосем поинаков огномет од досегашните.

Новогодишната ноќ ќе биде исполнета со прекрасни овошни мириси.

 „Сфативме дека никој пред нас не се обидел да направи такво нешто и помисливме дека тоа би било генијална идеја“, рекол Сем Бомпас за Дејли Меил, додавајќи дека во проектот се вклучени и пиротехничари, стручњаци за вкусови, музичари, инженери и експерти за безбедност и здравје.

Низ воздухот ќе лебди портокалов меур од кој при пукањето ќе се шири мирис на портокал. Снегот со мирис на праска ќе паѓа од небото, како и конфетите со вкус на банана. Оние кои ќе останат дома за новогодишната ноќ ќе можат да го гледат шоуто на директен пренос но нема да ја почуствуват атмосферата и воздухот.

14.12.2013 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега