Кои се најдобрите компании во светот?!

Според истражување  на агенцијата за вработување „Гласдор“ бостонската консултантска фирма „Бејн енд компани“ е најдобрата компанија за работници во светот.

Станува збор за влијателна фирма со интересни проекти, чија што цел е решавање на проблемите на нејзините клиенти.

По неа следува социјалната мрежа „Твитер“ која важи за компанија која што е опкружена со умни и вредни работници, кои навистина се грижат за нејзиниот успех.

 

Понатаму на листата се најдоа „Линкедин“, „Истмен кемикал“, „Фејсбук“, „Гајдвајер, „Интерактив интелиџенс“, „Гугл“, „Орбик ворлд вајд“, „Нестле Парина Пет кер“. Помеѓу првите 50-ет се и „Шеврон“ на 14-тото место и „Најк“ на 29-тото.

14.12.2013 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега