Статистика: Намалени продажните цени на индустриските производи

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи во октомври годинава се пониски за 1,4 отсто на месечно ниво и за 2 отсто на годишно ниво.  

Во споредба претходниот месец продажните цени се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 0,6 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,8 отсто, додека во споредба со октомври 2012 година, продажните цени се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1 отсто, а пониски се во секторот Преработувачка индустрија за 2,5 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2 отсто.

13.12.2013 - 15:51
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега