СДСМ: Мицкоски да не се крие, да одговори за настаните во Скопје и Тетово

 

 

Христијан Мицкоски да не се крие, да излезе пред јавноста и да одговори околу настаните во Скопје и Тетово, кои беа во организација на неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ, велат во соопштение од СДСМ.

Оттаму додаваат дека „Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми. Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа. Мицкоски го предлагаше Африм Гаши за нов мандатар на Владата, а сега ДПМНЕ наводно е згрозена од неговото дејствување“.

ДПМНЕ, како наследник на соработникот на фашизмот Ванчо Михајлов, нема кредибилитет да зборува ниту за историјата, ниту за сегашноста, а најмалку за иднината на државата, велат од СДСМ.

13.08.2023 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега