Хуманитарна претстава за помош на децата од Домот „11 Октомври“

Во Драмскиот театар во Скопје вечерва ќе биде изведена претставата „Kавкаски круг со креда“ од која собраните средства ќе се донираат во Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври” – Скопје.

За таа цел, Министерството за труд и социјала ги повикува сите хумани луѓе да ја проследат преставата со што ќе бидат дел од оваа хуманитарна акција за подобрување на животот на децата во Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“. 

13.12.2013 - 13:06
Фото: 
Џунгла.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега