"Ќе мора да ме убиете и мене и моето семејство за да ми го земете оружјето“ - актерка му испрати писмо со отров на Обама

 

Позната актерка му испрати писмо со рицин  на Обама. Шенон Ричардсон е  мајка на шест деца вчера признала пред судот дека на  Обама, на градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг и на активистот Марк Глејз кој се противи на илегалното поседување на оружје, им пратила писмо со рицин и притоа се обидела вината да ја префрли на својот трет сопруг Натаниел.

Актерката тврдела сопругот ја присилил да ги напише и прати писмата. Потоа актерката признала пред судот  дека се било нејзина идеја и само  сакала да го „намести" сопругот.

-„Тоа што го имаше во писмото не е ништо во споредба со тоа што ве чека, господинe претседателе. Ќе мора да ме убиете и мене и моето семејство пред да ми го одземете оружјето. Секој кој ќе се обиде да се доближи до мојата куќа ќе добие куршум во лицето", пишувало во писмото наменето за Обама.

Инаку Шенон Ричардсон се прослави со сериите "The Walking Dead", "Vampire Diaries" и во филмот "The Blind Side".

13.12.2013 - 12:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега