Македонија и Бугарија ја зајакнуваат соработката во управувањето со води

На работилницата на тема „Управување со води“ помеѓу претставници на Министерствата за животна средина на Македонија и Бугарија беше констатирано дека е потребно зајакнување на соработката преку размена на искуства и знаења во процесот на спроведување на законодавството, исполнување на стандардите на Европската унија и подигање на степенот на инвестициите во управувањето со води.

- Од таа соработка заеднички оценивме дека полето на водите е подрачје на кое можеме интензивно да соработуваме како две блиски соседни држави и тоа да го развиеме на експертско ниво, рече Лепиткова, посочувајќи дека во оваа област соработката ќе почне со изработка на план за управување на сливот на реката Струма.

Бугарскиот заменик министер Костадинов потести дека почнувањето разговори со Европската унија  е доста сложен процес и оти најголемите одговорности се на Министерството за животна средина.

- Европската комисија и Унијата, акцентот на својата работа го ставаат во областа на животната средина и најмногу средства ќе треба да бидат насочени во таа област, рече Костадинов.

 

13.12.2013 - 11:26
Фото: 
тхинк.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега