МЕПСО подготвен за зимата

Генералниот директор на АД Мепсо Синиша Спасов во интервју за МИА истакнува дека МЕПСО и ЕЛЕМ со целосна поддршка на Владата се во процес за формирање на берза за електрична енергија како организиран пазар на кој ќе се формираат транспарентни ценовни сигнали.

- Тие ценовни сигнали ќе бидат коректор и индикатор за сите економски субјекти во земјава и во регионот затоа што сите околни земји се исправени пред предизвикот за формирање берзи за електрична енергија. Берзата бара исполнување на многу технички, законски и системски предуслови за да може да почне да функционира успешно. Целта е да биде ликвидна, односно да има доволно електрична енергија за тргување за да биде проектот самоодржлив, нагласува Спасов.

Оценува дека македонскиот електро-преносен систем оператор е подготвен за претстојната зимска сезона.

- Надлежните и стручните лица на АД МЕПСО ги превзедоа сите потребни мерки и ги спроведоа сите редовни активности за подготовка на преносната мрежа пред отпочнување на грејната сезона во земјава, кога очекува и зголемени товари на преносната мрежа. Согласно со годишниот план за работа се извршени сите планирани ревизии на опремата во трансформаторските станици и на далноводите во мрежата на А.Д.МЕПСО, посоичува Спасов.

13.12.2013 - 09:39
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега