Силна експлозија во рудник во Кина

 Најмалку 22 рудари утрово останаа затрупани во еден рудник за јаглен во кинеската провинција Чангџи, откако дошло до експлозија во рударската јама.

Локалните власти изјавуваат дека во време на експлозијата во рудникот имало најмалку 34 рудари, од кои 12 успеале да се ивлечат од окното.

Во тек е акција на спасувачките екипи за доаѓање до затрупаните радури, за чија судбина нема никакви информации.

Причините за настанувањње на експлозџијата сеуште не се познати.

Експлозиите и несреќите се честа појава во кинеските рудници, каде во најголем број случаи речиси и да не се почитуваат стандардите за безбедност при работа.

По зачестените несреќи властите во Пекинг започнаа со засилени инспекции за почитување на безбедносните норми, што сепак доведе до намалување на бројот на жртвите при несреќите во последниве неколку години. 

13.12.2013 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега