ВИДЕО: Црна дупка која проголта 8 луѓе

Во американската сојузна држава Тексас се наоѓа едно од најопасните места за нуркање во светот, езерото во Вимберли.

Во него се наоѓа дупка чиј што влез води кон сплет од подземни пештери, во кои досега се удавиле осум лица. Но и смртта очигледно не е доволна причина капачите да се откажат од скокови во неа.

Според пишувањето на американските медиуми дупката е широка околу четири метри, а длабока десет. Но таа води кон подземна пештера и продолжува со длабочина повеќе од 40 метри.

 -Осум нуркачи ги загубија животите истражувајќи тука. Сепак луѓето се уште доаѓаат тука и нуркаат и покрај опасностите и обидите на надлежните да го забранат подводното истражување во ова подрачје, вели еден од локалните жители.

Инаку подземните пештери кои се наоѓаат под оваа дупката се најголеми во таа американска држава.

12.12.2013 - 23:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа