Пол Вокер ќе биде кремиран
Телото на Пол Вокер ќе биде кремиранo, а пепелта ќе биде положена во Меморијалниот парк во Холивуд.
Остатоците на Пол беа дадени на неговото семејство, а се очекува погребот да биде кон крајот на оваа недела. На него ќе присуствува само семејството на актерот, и блиските пријатели.
Пријателите и роднините на Вокер ќе можат да дадат последно збогум на церемонијата, чие место се чува во тајност.
Неофицијална церемонија веќе имаше на 7 декември на местото на несреќата.
12.12.2013 - 16:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа