Бојко Борисов победи на предремените избори во Бугарија

 

На денешните парламентарни избори во Бугарија, според истражувањата работени во текот на денот, води партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов - Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ).

ГЕРБ, кој се повлече за време на февруарските масовни протести на граѓаните незадоволни поради корупцијата, ратсечката невработеност и високите сметки за струја, кога Владата беше принудена да поднесе оставка, има околу 31 отсто од гласовите и би можел да освои 97 места во 240-члениот Парламент, според резултатите на „Алфа рисрч“ и „Сова Харис“.

Коалиција за Бугарија во која доминираат социјалистите е на второ место со 25-27 отсто од поддршката и може да освои 85 пратенички места, на трето место е етничката турска партија Право и слобода (МРФ), и на четврто националистичката „Атака“, јави БТА.

МРФ и Атака, според резултатите од истражувањето, најверојатно ќе го поминат цензусот од потребни четири отсто за влез во Парламентот.

На изборите ггласаа 6,9 милиони Бугари со право на глас.

Над 250 меѓународни набљудувачи ги надгледуваа денешните избори.

Според агенцијата „Галуп“ одѕивот на избирачите бил 47,4 проценти

најчитано сега