Уапсена Французинка поради труење на шестмина пензионери

Полицијата во Франција  соопшти дека уапсила вработена во дом за стари лица под обвинение дека отрула шестмина пензионери, кои од последиците на труењето подоцна починале.

30- годишната жена  во текот на денешниот ден ќе се појави на првото рочиште во судот, каде ќе биде соопштено дали против неа ќе биде покренато обвинение и, доколу тоа се случи, за кои кривични дела ќе биде обвинета.

- Осомничената жена призна дека сакала да им ги ублажи страдањата на шестмината пензионери кои починаа од почетокот на октомври, но не признава дека сакала да ги  убие, изјави неименуван полициски извор.

12.12.2013 - 15:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега