Маж се заканувал со секира бидејќи му дале ладен помфрит

 

Еден човек во Париз дошол на "драјв тру" шалтерот  во McDonald's по својот помфрит но не бил задоволен од услугата.

Наместо топлиот солен и крцкав помфрит , тој добил мал и веќе изладен помфрит, по што се разбеснал и извадил секира и почнал да удира на шалтерот.

Вработените веднаш се разбегале, а тој, видно збеснат, ја фрлил секирата внатре и избегал од местото на настанот. За среќа, повреден е само еден работник кој се исекол на скршеното стакло.

12.12.2013 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега