Министерот Ивановски заглавен на аеродромот во Истанбул

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски наместо да отпатува во Лондон, остана “заглавен“ на аеродромот во Истанбул.

 

Министерот кој треба да учествува на првиот состанок на Независниот панел  за иднината на глобалната интернет соработка во Лондон, на „Твитер“ се пожали дека е заглавен на аеродромот во Истанбул. Летот од Истанбул бил одложен поради густата магла која го зафатила главниот град на Велика Британија.

12.12.2013 - 14:59
Фото: 
mio.gov.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега