Во Сирија починале две деца од студ

Студот во Сирија однесе две деца од кои  шестмесечно бебе,  соопшти сириската опозиција.

Бебето починало вчера во градот Алепо во северна Сирија, каде паѓа снег. Другото дете почина во Растан во централната провинција Хомс, изјави претставник на Националната коалиција на сириската опозиција.

Сирија, како и Либан и Јордан, од вчера се зафатени од невреме проследено со снежни врнежи.

 Опозициската коалиција  апелира до меѓународните невладини организации „да ги заштитат стотиците илјади Сиријци од студот“.

- Поради невремето откажан е летот на авионот со хуманитарна помош на ОН од Ирачки Курдистан за курдските региони во соседна Сирија, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Властите одлучиле летот да биде одложен за 48 часа.

УНХЦР во вторникот објави дека формира воздушен мост, за кој добил согласност од ирачката и од сириската Влада. Предвидено е преку воздушниот мост да се испратат 40 тони помош, меѓу кои изолација за шаторите, топла облека и пари за купување на гориво. 

12.12.2013 - 14:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега