Антонио Бандерас ќе го глуми папата Франциск

Продуцентот Пјетро Валески, во едно телевизиско интервју изјави дека планира да сними филм за младите денови на папата Франциско, и дека во тој биографски филм, во главната улога го гледа Антонио Бандерас.

Валески, ги има режирано италијанските филмови „Sole a catinelle“ и „Che bella giornata“. Покрај него режисерот Ридли Скот подготвува проект во кој папата ќе го глуми Бруно Ганз, додека аргентинскиот режисер Алехандро Агрести во оваа улога ќе го стави Родриго де ла Серна, познат по филмот „Дневникот на моторџијата“

 Холивудскиот актер сè уште не се огласи по повод изјавата на режисерот.

12.12.2013 - 14:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега