ВИДЕО: Како Дедо Мраз открива дали навистина сте биле добри оваа година?

Еве како Дедо Мраз дознава дали сте биле добри оваа година.

Во трговскиот центар „Брент Крос“ во Англија Дедо Мраз не носи црвено одело, нема брада, очила и румени образи. Тој има полиграф и бара искрени одговори.

Управата на трговскиот центар објаснува дека одлуката за традиционалниот Дедо Мраз да го заменат со „истражител“ ја донеле со цел на најхрабрите деца да им врачат вредни подароци за божикните и новогодишните празници. Исто така тие сметаат дека бидејќи денешните деца бараат скапи подароци како Икс бокс Уан или ПС4, не би било лошо родителите да знаат дали децата им биле добри.

12.12.2013 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа