Фолкрката Анета Наковска со милионска брачна понуда

Фолкерката Анета Наковска заедно со Драган Ристовски Дац периодов неуморно работи на новиот албум.

Анета во инетрвјуто на вистина.мк на прашањето дали имала непристојни понуди одговорила вака:

-Се разбира дека сум имала непристојни понуди, како и повеќето од мојата професија нели, со тоа што секогаш сум се обидувала пред се да си го задржам достоинството и своето јас! Последната таква непристојна понуда ми се случи во Австралија каде што добив брачна понуда тешка милион долари, на што одговорив дека јас не сум за продажба.  Следниот ден по оваа случка се најдов на насловната страна на весник од Мелбурн. Текстот  со комплименти и убави зборови во весникот го напишал сопственикот на весникот кој бил пријатно изненаден од моето размислување и однесување, за разлика од некои мои колешки. Се уште го чувам весникот, изјави Анета

12.12.2013 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега