Хрватскиот актер Жарко Радиќ се разведува

63- годишниот актер  Жарко Радиќ минатата недела се појави во Општинскиот суд во Риека поради бракоразводна парница која ја води со сопругата Снежана.

- Инаку јас не го коментирам својот приватен живот, па нема ниту сега, изјави актерот кој сопругата ја запознал во Белград каде студирал глума, а таа архитектура. Сопружниците во 1991 година од Белград се преселија во Канада каде живееја до пред 10 години.

Жарко пред 14 години сам се врати во родниот Сплит и изјави дека и натаму е со семејство иако се раздвоени. Меѓутоа 2009 година почна да се шушка дека е во врска со Естер Шимек, која го води неговиот центар за убавина, што во 2007 го отвори во Риека.

12.12.2013 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега