ОНЕ со нов пакет услуги за своите корисници

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ во пресрет на новогодишните празници на своите корисници им нуди нов пакет во мобилната телефонија. Од утре со новото постпејд портфолио Select Promo Plus, корисниците добиваат неограничени разговори кон сите национални мрежи и 3000 мегабајти 3Г интернет и можност да направат избор од два тарифни модели: Select Promo Plus 499 достапен за месечна претплата од 499 денари и Select Promo Plus 399 достапен за месечна претплата од 399 денари.

Со Select Promo Plus 499 корисниците добиваат 3.000 денари попуст за купување на мобилен телефон, а Select Promo Plus 399 е достапен како понуда без мобилен телефон. Од понудата на телефони, ОНЕ го издвојува одличниот смартфон ALCATEL One Тouch T`Pop кој со Select Promo Plus 499 е достапен за 0 денари.

Промоцијата важи за сите нови и постоечки бизнис и резидентни корисници кои во промотивниот период ќе направат обнова на договорот на нови 24 месеци.

12.12.2013 - 13:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа