ФОТО: Тука неучтивоста се казнува

Во едно француско кафуле вработените објавија фотографија од менито, на која се гледа дека ја наградуваат пријатноста, а  ја казнуваат неучтивоста.

Гостите кои ќе дојдат во кафулето Ла Петит Сира и ќе промрморат само: „Кафе“ без поздрав и без „Ве молам“, услугата ја плаќаат седум евра. За нарачката: „Кафе, Ве молам“ плаќаат 4,25 евра, додека ако речат: „Добар ден! Кафе, Ве молам“ ситуацијата драстично се менува и гостинот добива сметка од 1,40 евра.

Фотографијата од менито е објавена со коментарот: Се уште постојат луѓе кои знаат како се живее.

Менаџерот на кафулето Фабрис Пепино во изјава за весникот „Локл“ вели дека на почетокот идејата била само шега, бидејќи гостите за време на ручек им доаѓале под стрес, а понекогаш биле многу непристојни кон келнерите.

- Повеќето гости се локални жители, кои ја разбираат смешната страна на оваа приказна, па претеруваат во љубезноста. Кога го видоа знакот почнаа да ме ословуваат со „Ваше Величество“, раскажува Пепино

12.12.2013 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега