Опра Винфри открива: „Не ми е жал што немам деца, ќе ме мразеа“
56- годишната Опра Винфри во последното интервју за „Холивуд репортер“ си ја отвори душата и откри зошто никогаш не се обиде да стане мајка.
„Доколку имав деца, ќе ме мразеа. На крајот тие деца би завршила на некое слично шоу како моето, бидејќи нешто во мојот живот би морало да трпи, а тоа најверојатно би биле тие”, изјавила таа.
Опра признава дека ни како млада девојка не размилсувала многу околу мајчинството.
„Мојата најдобра пријателка Гејл, кој денес има две деца, уште како дете во училиште ги пишуваше нивните имињата на тетратка. Додека таа сонуваше такви соништа, ја сонував дека би можела да се запознаам со Мартин Лутер Кинг”, раскажала Опра.
Опра во поголемиот ден од денот е посветена на ученичките во академијата Опра Винфри за млади лидерки, училиште кое го отвори во 2007 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа