Густа магла ќе ги покрие градовите во БиХ

Се очекува следната недела густа магла  ќе ги покрие голем број босанско-херцеговски градови предупредува службата за контрола на воздухот.

Алармантно загадување минатата недела беше регистрирано во Сараево и Зеница, а според експерти зголемено загадување се очекува заради ниските температури и намаленото струење на воздухот, објавија „Независне новине“.

Според директорот на Центарот за екологија и заштита, Џемиле Агиќ, доаѓа до стабилизација на времето што ќе предизвика опасно загадување на воздухот.

Весникот објавува наводи од анализа на тим меѓународни експери за влијанието на загадувањето во Европа, а резултатите укажуваат дека аерозагаденоста е опасна и може да убие на нивоа многу пониски од моментно дозволените.

Со анализа утврдиле дека најголема здравствена закана е долгорочно изложување на честички, каде концентрацијата е пониска од европската граница – 25 микрограми по метар кубен. Дополнително утврдиле дека секоја зголемена загаденост од пет микрограми по метар кубен ризикот за смрт расте за седум отст

12.12.2013 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега