Дали и во Македонија намерно се абортираат женските бебиња?

Советот на Европа побара од Црна Гора да достави податоци за извршените абортуси поради нивниот отворен сомнеж дека во оваа земја се врши намерно уништување на женските фетуси откако меѓународната организација утврдила несразмерен однос помеѓу родените машки и женски бебиња.

Додека природниот сооднос на светско ниво е 100 женски бебиња на 102 до 104 машки, во Црна Гора на 100 девојчиња се раѓаат 110 машки. 

Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, во 2012та во Македонија с е родиле вкупно 23 752 деца од кои 51.9% биле машки односно на 100 живородени женски деца се родиле 108.1 машки, сооднос кој битно се разликува од светскиот просек.

Советот на Европа изразил сомнеж дека во некои држави се злоупотребува абортусот со цел пренатално избирање на полот на детето. Меѓу државите со најсериозен дисбаланс меѓу половите покрај Црна Гора се споменуваат и Албанија, Азербејџан и Ерменија.

КАко што јави Танјуг, Советот на Европа побарал од овие држави да превземат итни мерки за сузбивање на оваа појава.

12.12.2013 - 12:36
Фото: 
freedigitalphotos.net

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа