Предупредувачка мапа за туристите, опасни ајкули забележани во Хрватска, Италија и Шпанија
Со доаѓањето на летото и почетокот на туристичката сезона веќе зборуваме за напади на ајкули и опасностите кои одредени области ги кријат. Досега во јуни имаше неколку блиски средби меѓу ајкули и луѓе, од кои некои завршија трагично. Досега видени се ајкули во неколку региони.
Египет
Египет ги затворил плажите на неколку дена по бруталниот напад на ајкула на почетокот на јуни во кој загина 23-годишно момче од Русија. Властите забранија нуркање, пливање и спортови на вода откако Владимир Попов беше убиен од тигреста ајкула во одморалиштето Хургада, Египет.
Инцидентот се случи на плажа на хотелски рисорт, а на социјалните мрежи беше објавено вознемирувачко видео од нападот.
Грција
Во објава на TikTok, ајкула е снимена во близина на еден од најубавите грчки острови, кој туристите го обожаваат.
На околу три километри од брегот на Закинтос, овој морски предатор е фатен на камера. Додека ја снимале од бродот, таа мирно пливала на површината.
Хрватска
Вознемирени граѓани се загрижиле поради видеото на кое се гледа како маж влече ајкула врзана за опашката по брегот на „Сунчана увала“ на Лошињ.
Станува збор за спасување на ајкула која во неколку наврати се насукала на плажа и покрај обидите да се врати во морето. Лицето од видеото ја влечело ајкулата со чамец на отворено море кон Сусак, каде што била пуштена.
Шпанија
Ајкулата била забележана во шпанско пристаниште во средината на јуни. Таа била присутна во водите на островот Аруса во галициската провинција Понтеведра со спектакуларни бели песочни плажи и мали заливи популарни и кај туристите и кај локалното население.
Првите извештаи покажале дека се работи за тинторера или сина ајкула долга околу два метри. Локалната полиција била меѓу првите што реагирале, а се верува дека таа отпливала назад во отворено море.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа