Солунскиот градоначалник се гордее со своето потекло од Крушево

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, вели дека неговата поврзаност со Македонија е сентиментална не само поради неговото потекло од неговиот дедо по татко, туку и по големиот број на пријатели кои ги има во оваа земја, пренесува Вест. 

Тој вели дека роднинските врски со семејството во Крушево се одамна изгубени, но тој три пати бил да ги посети. Ја видел и куќата на неговиот дедо, на кој бил многу горд. Како што самиот тој вели, тој е горд на неговите корени. 

Бутарис постојано зборува со љубов за крушевските убавини и за успехот на луѓето кои живеат на ова место. 

 -Го­ди­на­ва учествував на прогласување на најдобар студент од Американскиот колеџ во Солун. Не знаев дека тоа ќе биде студентка од Крушево. Бев многу горд на неј­зи­ни­от успех, вели тој. Тој не крие дека неговите родители се Власи, но жа­ли што не го зборува јазикот на неговите предци.

Градоначалникот е роден во Солун и е син на винарот Стелиос Бутарис и Фани Влахос, која била Влаинка од семејството Ничота од Крушево. 

Дипломирал хемија на Универзитетот Аристотел во Солун, а магистрирал енологија на Институтот за вино во Атина. Речиси 30 години работел во семејната винарија "Бутари", а во 1998 ја формира сопствената винарија "Кир-Јани".

12.12.2013 - 11:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа