Грција: Запленети 891 килограми албанска марихуана

Полицијата во Грција  вчера запленила 891 килограми марихуана и уапсила тројца албански државјани на возраст од 29 до 33 години. Според полициски извори, дрогата пристигнала од Албанија која била откриена во комби возило што превезувало кафе. Марихуаната била наменета за пазарот во велика Британија.

Дрогата минала преку преминот Какавија, на албанско-грчката граница кај Ѓирокастро. Во вторникот вечерта при вообичаена царинска процедува, албанските цариници во пристанишниот град Драч открија 850 килограми марихуна чија крајна дестинација била Италија.

Дрогата била скриена во камион кој транспортирал пакети со чорапи. Марихуаната, според албанските медиуми е произведена во Лазарат, село познато како фабрика за марихуана каде годишно се произведуваат 900 тони марихуана од која заработката изнесува 4,5 милиони евра. Селото и понатаму претставува бастион во кој полицијата нема пристап.

 

12.12.2013 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега