Прваче избркале од училиште бидејќи бакнал девојче

6- годишниот Хантер Џелтон  од Колорадо е суспендиран од училиштето бидејќи бакнал девојче од своето одделение, што надлежните го дефинирале  како сексуално вознемирување.

„ Тоа се случи за време на часот. Читавме, кога се наведнав кон неа да и ја бакнам раката“, вели момчето и додава дека е заљубен во девојчето и дека и двајцата се сакаат.

Мајката на 6-годишното дете изјавила дека е изненадена од казната која ја добило нејзиниот син  и дека раководството претерува со проценките и дека не гледа ништо лошо во однесувањето ба својот син.

Исто така  таа била шокирана кога директорот го употребил терминот „сексуално вознемирување“.

„ Терминот сексуално вознемирување не се соодветен да се употребува во контекст на шест годишни деца. Сега мојот син ми поставува прашања: „Што е секс?“. Тоа не би требало да прашува дете на тие години“, вели мајката.

Директорот на училиштето Робил Гулди од друга страна наведува дека детето било суспендирано поради недолични допири.  Тој исто додава дека родителите на девојчето не се огласиле по повод случајот и нема да превземат судски мерки, бидејќи укорот е спроведен на ниво на училиштето.

„ Бакнежот е нормално искажување на нежност кај шест годишните деца“, вели Сенди Вуртеле, училишен педагог и додава дека е многу зачудена од реакцијата на училиштето.

„ Ова им испраќа погрешна и негативна порака на децата“, додава таа и тврди дека во тие години е нормална љубопитноста меѓу  момчињата и девојчињата.

12.12.2013 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега