Бугарија ќе и дели совети на Македонија за пристапниот процес

Во Скопје денеска ќе се одржат консултации за ЕУ прашања меѓу делегации на македонското и бугарското Министерство за надворешни работи.

Според најавите, на консултациите ќе се зборува за продлабочување на соработката во контекст на евроинтеграциите и интензивирање на дијалогот на експертско ниво за пренесување на бугарските искуства од пристапниот процес, во рамките на Меморандумот за соработка во евро и евроатлантската интеграција меѓу владите на двете земји.

Ќе бидат презентирани и тековните активности во клучните области од пристапниот процес на Република Македонија, подготвеноста за почеток на пристапните преговори и важноста на бугарската поддршка во овој контекст, соопшти македонското МНР.

12.12.2013 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа