Од Музејот украдени и златните обетки кои ги красат банкнотите од 500 и 1.000 денари

Меѓу предметите кои беа украдени од Музејот на Македонија се нашле и артефактите од непроценлива вредност кои ги красат и македонските банкноти од 500 и од 1.000 денари, пишува „Дневник“.

Според информациите на Дневник, се работи за исклучително важни предмети кои имаат археолошка, но и голема културно - историска важност за Македонија, со оглед на фактот што биле избрани да бидат поставени на аверсот и на реверсот на македонските банкноти.

Сеуште не се знае каде се овие предмети, дали се во Македонија или се продадени надвор од земјава.

Како што објавува весникот, меѓу 160-те предмети за кои постои документација дека се исчезнати, се нашле и 4 исклучително важни артефакти: златна обетка со приказ на Ерос и Амор, златна обетка со приказ на гулабица која е прикажана на аверсот и на реверсот на банкнотата од 1.000 денари, златна обетка со приказ на лавовска глава и нецелосна златна обетка со чунеста форма, украсена со гранулации и палмети на која од горната страна има сфинга која седи (прикажана на аверсот и на реверсот на банкнотата од 500 денари). Последниот предмет бил ископан во 1964 година од локалитетот Црквиште во битолско Беранци.

12.12.2013 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега