Седници на пет собраниски комисии

 

 

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат пет комисии.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог-законот за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата и Предлог-законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, двата во прво  читање.

Комисијата за економски прашања ќе расправа за измените на Законот за трговски друштва и на Законот за угостителска дејност и за дополнувањата на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, сите во второ читање, како и за дополнувањата на Законот за индустриската сопственост, во прво читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците организира надзорна расправа на тема „Анализа за почитување на уставно загарантираното право на презумција на невиност, наодите за злоупотреба на притворот, загрозување на слободата на изразување и медиумски слободи и правото на изразување јавен протест во Република Македонија“.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја рагледаат Предлог одлуката за испраќање на припадници на АРМ за учество во мировната операција во Авганистан во состав на меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан-ИСАФ, додека Комисијата за култура ќе дебатира за измените на Законот за култура и на Законот за употребата на македонскиот јазик, двата во второ читање. 

12.12.2013 - 08:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега