Голема трагедија: Вработен во „Макстил“ загинал на работното место

Вработен во „Макстил“ утрото загинал на работното место, соопшти компанијата. Почната е истрага за причините за несреќата.

– Денеска во утринските часови се случи несреќа во производствениот погон на „Макстил“ каде животот го загуби наш вработен. Веднаш беа алармирани сите надлежни служби кои направија записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата, соопшти „Макстил“.

Од компанијата наведуваат и дека ги отстапува сите свои човечки и материјални ресурси за помош во истрагата за откривање на причините за несреќата.

 

– Нашите мисли и целосна поддршка се со семејството на нашиот колега, се додава во соопштението од компанијата.

09.06.2023 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега