Девојче нападнато од три врснички, едната и’ го зела мобилниот телефон

 

Малолетно девојче било нападнато од три врснички на улицата Славка Динкова.

„На 05.06.2023 во 23.00 часот во Полициската станица Драчево, Х.К.(52) од Скопје пријавила дека околу 12.50 часот на ул.„Славка Динкова“ нејзината малолетна ќерка била физички нападната од три малолетнички, од кои едната ѝ го одзела мобилниот телефон“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

06.06.2023 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега