На меѓународен саем во Турција претставен охридскиот туристички потенцијал

Во турскиот град Измир на Меѓународен саем денеска учествуваа претставници на Секоторот за туризам и локален економски развој, при локалната самоуправа во Охрид 

Благодарение на соработката со Ружди Муфти, претседател на кластерот за туризам „Еден“ и туристичката агенција „Кошукавак“ од Турција, на саемот во Измир беше прмовирана туристичката понуда на  Охрид и поширокиот регион.

- Од почетокот на годинава заклучно со месец јули Охрид го посетиле над  12 илјади гости од Турција, податок кој укажува на потребата за поинтензивно промовирање на туристичката понуда и на воспоставување поблиска соработка со турските партнери, не само во областа на туризмот туку воопшто во општествените и економските односи, велат од локалната самоуправа.

Во рамки на саемските активности, пред бизнис елитата на туристичката комора на Измир, беше промовирана и брошурата „Инвестирај во Охрид“ преку која беа презентирани и можностите за инвестирање во Охрид.

11.12.2013 - 16:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега