Со возило удрил во велосипедист, па веднаш избегал

На 29.05.2023 во 16.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека претходниот ден околу 14.00 часот во тетовско Камењане, патничко возило удрило во велосипед што го управувал 61-годишниот Б.И. од ова село и го напуштило местото на несреќата.

7Во несреќата, Б.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. На местото увид извршила екипа од СВР Тетово.

30.05.2023 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега