Отворена народна кујна во Чешиново-Облешево

Во населеното место Чешиново - Облешево денеска започна со работа народната кујна која беше отворена со одлука на Министерството за труд и социјална политика. 

-Во кујната секојдневно по еден топол оброј ке се обезбедува за 10 лица од општината, корисници на социјална парична помош. Ова е заеднички прокет на министерството и општината, истакна Костадин Личков, градоначалник на општината Чешиново Облешево.

Потребните финансиски средства, просторијата и лице за подготовка на храната ги обезбеди општината.

11.12.2013 - 15:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега