Бидете внимателни со пазарењето пред новогодишните празници

 

Од Организацијата на потрошувачи на Македонија препорачуваат граѓаните да бидат особено внимателни во периодот на претпразничните попусти и да внимаваат на лажните попусти или лажните огласувања од страна на трговците.

- Граѓаните треба да  прошетаат по продaвницата, да ги следат цените подолго време и на тој начин единствено ќе бидат во тек и ќе знаат дали распродажбата е вистинита, препорачуваат од Организацијата на потрошувачите.

Од Организацијата истакнуваат дека трговецот мора физички да ги одвои производите што се на распродажба од оние кои не се. Мора видно и на јасно место да се истакне натпис дека производите се на распродажба или пак ако е со грешка. Правило е дека при попусти старата цена мора да биде јасно напишана и прецртана, а новата јасно видлива и читлива. Попустот треба да се пресмета на цената што трговецот ја користел во последните 30 дена.

Според податоците, граѓаните купуваат подароци од новогодишни пакетчиња со кондиторски производи, до козметика, чанти, ремени за претстојните празници.

 

11.12.2013 - 13:29
Фото: 
Факултети.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега