Ласовска: Македонската Влада на брутален начин носи пљачка на векот и воведување на робовладетелско општество

 

Пљачката на векот и воведување на робовладетелско општество во последните неколку дена најбрутално го носи владата на нашата земја, како што милуваат да се кажат и парламентарното мнозинство, брутално кршејќи ги сите позитивни законски прописи и уставот на Република Македонија, вели Благица Ласовска од собраниската говорница каде што на дневен ред на пленарната седница се законите за договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10Д, меѓу кои и Законот за работни односи со чии измени се предвидува работа на овие коридори и до 72 часа неделно.

„Овие денови се трудиме со аргументи, со факти да ги убедиме нашите колеги од парламентарното мнозинство, да покажат достоинство и да го одбијат овој пакет на закони кои што се се, само не европски и од тие причини, сметам дека повеќе во никој случај никаде да не кажете дека сте прогресивно европски настроено“, истакна Ласовска.

Ласовска упати и прашања до министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска дали кога се вршела дебата, ако воопшто и ја имало, ако не дошол Артан на влада и да им рекол гласајте сите, ако не ќе летаат шамари, дали го знае членот осум од уставот на Република Македонија во кој се вели дека владеењето на правото е прво од темелните вредности на државата, а воедно тоа е и прв кластер во преговорите со Европската Унија.

„Со договорот, со пљачката на векот со Бехтел и Енка, вие практично го дерогирате целиот правен систем во државата, а особено вие како министерка за труд и социјална политика, уште пред да станете министерка бевте државен секретар на претходната министерка, кога е донесен недела неработен ден, каде што дебата траеше цела година. Што стана сега со недела неработен ден? И дали знаете дека основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со уставот е прв во таксативното набројување во членот осум од уставот, а тука имено спаѓа и Конвенцијата за дискриминација“, рече Ласовска.

17.05.2023 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега