Од идната година нема продажба на храна со изминат рок

Од идната година секој производ со изминат рок, каква било неправилност или грешка ќе биде детектирана на каса и веднаш ќе биде повлечен. Ова се овозможува со помош на новата генерација бар кодови GS1 чија цел е максимална заштита и безбедност на потрошувачите.

Имплементирањето на GS1 DataBar кодовите кои содржат информации за рок на траење, нето тежина во килограми изразена со три децимални места, како и број на шаржа/серија за производот, ќе значи многу поголема конкурентност на домашните компании и нивен сигурен настап на странските пазари.

- Новата генерација бар кодови на потрошувачот му овозможуваат да знае што купува, да биде сигурен дека пред него има квалитетен производ, а тоа ќе може да го види на каса, кога ќе плаќа, рече Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор на GS1 Македонија, пред денешната презентација на пилот проектот за кодовите во Стопанската комора на Македонија.

Инаку, досега производите беа обележани со EAH-13 бар кодови, исто така од семејството GS1.

11.12.2013 - 13:16
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега