Спасов и Орав ќе ги доделат дипломите за компетенции за вработување
Министерот за труд и социјала Диме Спасов, денеска заедно со евроамбасадорот Аиво Орав ќе имаат свое обраќање на свеченото доделување дипломи по повод завршувањето на Интегрираната програма за развој на компетнеции за вработување на 240 слушателки, која се спроведува во рамки на проектот Зголемување на потенцијалите за вработување кај жените.
Се работи за 240 жени на возраст до 35 години од Тетово, Гостивар, Струга и Скопје кои со помош на обуката за вработување и самовработување, обуката за компјутерски вештини и вокациски обуки, како и преку соодветни пракси во локални компани се стекнаасо потребните компетенции за вработување и активно да учествуваат на пазарот на трудот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа