Девет сообраќајки за едно деноноќие во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се случиле девет сообраќајни несреќи. Од нив, пет се со полесни телесни повреди на тројца возачи и тројца пешаци, како и четири со мала материјална штета.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден евидентирала поголем број прекршоци. Санкционирани се 13 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, а петмина возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шестмина кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, 17 не користеле безбедносен појас или користеле мобилен телефон за време на управувањето на возилата. Исто така, и 17 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на автобуските стојалишта, во зона на крстосница или на пешачки премин.

Пајакот отстранил 54 непрописно паркирани возила.

11.12.2013 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа