Сончева но многу ладна среда

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до минус два, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а преку денот релативно високи.

11.12.2013 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа