Скопскиот аеродром сè поатрактивен - 74,381 патник во месец април
Во текот на април годинава е забележан најголем пораст на бројот на патници на аеродромите во Република Македонија од почетокот на годинава. На двата аеродроми вкупно се регистрирани вкупно 76.653 патници, што претставува пораст на бројот на патници за 12.3% во однос на април минатата година, информираат од Министерството за транспорт и врски. è
На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во текот на април 2013 година биле регистрирани вкупно 74,381 патник, додека на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид биле регистрирани 2.272 патници,.
-По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови и бројот на компании кои оперираат на нови дестинации. Исто така, дополнително зголемување на бројот на патници е овозможено со имплементирањето на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај со што се овозможија нови директни летови до голем број дестинации по поволни цени за патниците, стои во соопштението на Министерството.